Нов лев бек во Чаир – потпиша грузиска репрезентативка

Тимот на Чаир, кој има две победи на двата меча од Женската лига, донесе уште едно засилување пред стартот на новата сезона.

Станува збор за грузиската репрезентативка Елисавета Чакаидзе, која има 20 години и доаѓа од тимот на Пегас Тбилиси.

Чакаидзе ќе формира дуо со Теодора Гулицоска на левата бековска позиција и ќе биде замена за Ана Марија Божиновска, која се пресели на Кипар.

Претходно Чаир се засили и со десно крило од Грузија – Мариами Микелидзе.

Чаирчнаки освен обврските во Женската лига, ќе настапуваат и на меѓународна сцена, во Европскиот Куп, каде за ривал го имаат составот на Истогу од Косово.