Нов интернационален предизвик: Горан Крстевски се сели во Романија!

Средниот бек Горан Крстевски во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.

По една година мината во австрискиот Линц, Крстевски се сели во Романија, откако потпиша договор на две сезони со тимот на Фочани.

Организаторот на играта потекнува од Ресен, а се промовираше во Автокоманда во дресовите на Металург 2 и Металург.

Настапуваше и за битолски Еурофарм Пелистер, пред лани да замине во странство. За сениорската репрезентација запиша девет настапи.