Нов договор за Македонецот: Филип Лазаров и следната сезона ќе го води Интерактив

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров имаше успешен старт на тренерската кариера оваа сезона.

Иако раководството на германскиот тим Интерактив најави дека Лазаров е преодно решение, сепак го сменија мислењето и задоволни од неговата работа му понудија нова соработка.

Лазаров го потпиша договорот и се обврза да остане во Интерактив и во наредната, 2023/24 сезона.

Неговиот тим во есенскиот дел од сезоната на 13 одиграни натпревари нема ниту еден пораз – 12 победи и еден нерешен резултат во регионалната конкуренција, па нема сомнеж дека на крајот на сезоната Интерактив ќе се бори за место во Третата лига на Германија.