Нов ангажман во елитата: Николов и Начевски ќе им делат правда на Фленсбург и Алборг

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите.

Откако Марјан Начевски беше делегат на вчерашната средба меѓу Кристијанштад и Висла Плоцк од групата Ц, викендов ќе биде ангажирани уште двајца Македонци.

Најдобрите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да делат правда на дуелот меѓу Фленсбург и Алборг, кој се игра в недела од 19:00 часот.

Македонските судии и делегати во декември ќе имаат ангажмани во натпреварите од регионалната СЕХА лига од групната фаза, по што ќе бидат формирани и осминафиналните и четвртфиналните двојки.

Делегирање на македонските судии и делегати:

01/12, 19:00, Фленсбург – Алборг, Лига на шампиони (Славе Николов и Ѓорѓи Начевски)
09/12, 20:15, Вардар – Татран Прешов, СЕХА лига (Драган Начевски)
10/12, 19:00, Мотор Запорожје – Војводина, СЕХА лига (Славе Николов и Ѓорѓи Начевски)
10/12, 19:00, Мотор Запорожје – Војводина, СЕХА лига (Ацо Николовски)
11/12, 20:55, Загреб – Спартак Москва, СЕХА лига (Марјан Начевски)
14/12, 20:45, Загреб – Веспрем, СЕХА лига (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)