Ново признание за Зорица Десподовска, се најде во тимот на колото во Полска (ФОТО)

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска продолжува со одличните игри во првенството на Полска каде што во текот на оваа сезона неколкупати се најде во изборот за ракометарка на колото.

Десподовска е најдобар лев бек во колото во Полска, а до ова признание дојде откако одигра одлична средба пво последното коло. Постигна пет погодоци во победата на Кобержице и придонесе за триумфот со 83 проценти реализација.

Тимот на Зорица Десподовска и понатаму се наоѓа во трка за шампионската титула во Полска така што уште постојат шанси да дојде до оваа награда.