Ново одложување во групата на Вардар: Позитивен случај во Келце, не се игра дуелот со Порто

Дуелот меѓу Келце и Порто што беше одложен пред еден месец, беше презакажан за 17 декември, но нема да се одигра ниту во тој термин.

По најновите тестирања во полскиот првак, кои покажаа нов позитивен случај во стручниот штаб на тимот.

Тој веќе е изолиран, а другите членови на тимот одат во карантин на пет дена, се до новите тестирања на 21 декември.

Покрај довоојот со Порто, ќе биде одложен и натпреварот од полското првенство против Квиджун што требаше да се игра претстојниот викенд.

Голема е веројатноста дуелот со Висла Плоцк да биде последниот одигран за Келце оваа 2020 година.