Нови правила во новата сезона од ЛШ: 50 билети за гостински навивачи по 1 евро!

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе стартува на 16 и 17 септември, а покрај новиот формат, има уште неколку услови што треба да ги исполнуваат учесниците.

Досега беше познато дека домаќинот на натпреварот, мораше да обезбеди 10% билети од капацитетот на салата за гостински навивачи. Дополнувањето на ова е правило е тоа што 50 од тие билети мора да бидат по цена од 1 евро.

ЕХФ со ова сака да ги мотивира навивачите да патуваат на гостувањата и да го поддржуваат својот тим, но со оглед на кризата со коронавирусот, тешко дека ќе се случи тоа.

Вардар е во група со Порто, Келце, Мешков Брест, Фленсбург, Елверум, ПСЖ и ПИК Сегед, па освен на гостувањето во Унгарија, тешко дека навивачи на „црвено-црните“ ќе се решат да одат на другите гостувања.

Освен за Лигата на шампионите, ова правило ќе важи и за натпреварите во Лигата на Европа.