Нови бодови во Автокоманда: Одбраните на Трајкоски клучни за триумфот над Бутел

Ракометарите на новиот Суперлигаш, во Автокоманда повторно го совладаа составот на Бутел овојпат со резултат 22-19 (12-8). По победата во полуфиналето на четвртфиналната група од Купот на Македонија минатата недела, сега во регуларниот дел на сезоната, односно во македонскиот плеј-оф избраниците на Кирил Лазаров повторно го совладаа Бутел и запишаа нови бодови во трка за македонскиот шампионат.

Натпреварот го одбележаа техничките грешки, одбранетите зицери, пред сè на голманот Трајковски и лошата реализација на нападите на двете страни.

Домашните ракометари по воведните 4-1 не ја продолжија доминацијата, туку му дозволија на Бутел бргу да се врати во игра.  Двете екипи беа израмнети на теренот,а поголемиот број грешки од голови говорат за квалитетот на овој дел од дуелот. Изедначената игра траеше до 23 минута кога започна серијата на РК Алкалоид која им донесе предност од „плус четири“ на полувреме за 12-8. Кристијан Василевски од тимот на Бутел, заработи директен црвен картон во самиот финиш на првиот дел, откако намерно замавна и го удри ракометарот на домашниот тим, Давид Савревски. Претходно, судиите не се одлучија да го санкционираат стартот на лицето на пикерот на Бутел, Василевски, по што тој бурно реагираше и веднаш потоа го заработи црвениот картон.

Во вториот дел, домашните ракометари ја одржуваа разликата на три-четири голови се до 35 минута кога започна низата на Бутел која во 40 минута со голот на Спасовски донесе нови возбудувања на теренот и израмнување на резултатот на 15-15.

Во 41. минута Бутел имаше шанса да дојде во водство, но нова грешка значеше негатива на семафорот, откако Серафимов реализираше од пенал линијата. Но домашните ракометари не застанаа тука, ги користеа грешките на противникот и изградија нова серија голови за „плус три“, 19-16 (49 минута). Разликата се одржуваше до самиот финиш на дуелот.
Откако Трајковски успеа да скроти два обида на нападот на Бутел, Алкалоид се врати на највисоката предност од четири погодоци при резултат 21-17, 55. минута. во тој период Митев и Николов не можеа да им помогнат на своите соиграчи, но затоа Ѓоргиев имаше свои минути и го одржуваше домашниот состав на безбедна предност. Токму Ѓоргиев во 58. минута заработи директен црвен картон поради груб старт, но затоа пак голманот Трајковски продолжи со одличните одбрани и се уште беше на висина на задачата. Затоа предност од четири погодоци се одржуваше до последните секунди на натпреварот. Точка на дуелот стави Николов од пенал линијата по истекот на шеесете минути за конечни 22-19.

Со оваа победа Алкалоид го одржува чекорот со водечката двојка во домашниот шампионат Вардар и Еурофарм Пелистер, додека Бутел останува на делба на петтата позиција во македонскиот плеј-оф.