Новиот суперлигаш го промовираше тимот и тренерот Лазаров

Новиот ракометен суперлигаш РК Алкалоид од оваа сезона ќе настпаува во елитното македонско друштво. Амбициозниот проект предводен од селекторот Кирил Лазаров, а поддржан од претседателот на ракометната федерација, Живко Мукаетов, денес,23.08.2022 ги официјализираше ракометарите кои ќе ги бранат боите на клубот.

РК Алкалоид веќе ги одригра и првите подготвителни натпревари, настапи на јубилејниот меѓународен ракометен турнир Струга 2022 каде заврши на шестото место.

Како што најави 24Ракомет пред неколку месеци нов тренер на тимот е Кирил Лазаров, кој доаѓа на местото на Љубомир Савевски. Покрај македонските репрезентативци Ѓоргиев и Серафимов, од оваа сезона во составот се приклучија голманите Трајкоски и Цветковски, пивотот Никола Маркоски, Михајло Младеновиќ, Марко Митев и неколку млади ракометари, репрезентативци во кадетски и младински селекции на Македонија Едвин Омерагиќ, Давид Димевски и Александар Петковски.

Капитен на тимот е Игор Ѓоргиев.

ТРАНСФЕР БОМБА: Кирил Лазаров ќе биде нов тренер на Алкалоид