Новиот норвешки проект започнува со засилувања – прв доаѓа исландски репрезентативец

Според непотврдени информации на „handball.leaks“ репрезентативецот на Исланд, Јанус Смарасон е пред потпис со амбициозната екипа од Норвешка, Колстад.

Централниот бек од Исланд моментално настапува за германската екипа Гепинген. Претходно, Смарасон три сезони беше дел од Алборг. Пред да направи трансфер во Данска, тој настапуваше за екипите од Исланд, Хаукар и Селфос.

Екипата на Колстад има големи амбиции и најавува создавање на голем ракометен проект, со слични аспирации како оние од Алборг.

Смарасон се поклопува во замислите на целиот проект на раководството на Колстад и голема е веројатноста да се приклучи на норвешката екипа од следното лето. Освен Смарасон, како можно засилување на Колстад се споменува и звездата од Кил, Сандер Сагосен.