Новиот вардарец го изведе најлудиот пенал во историјата! (ВИДЕО)

Екипата на Вардар за следната сезона ќе биде посилна со јапонскиот интернационалец Косуке Јашухира.

Средниот бек ќе биде првиот Јапонец што ќе заигра во Македонија и во редовите на „црвено-црните“ ќе пристигне од полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Јашухира во својата клупска кариера го носеше дресот и на Ним, во кој одигра една сезона (2021/22) и во францускиот шампионат на 13 натпревари постигна 13 погодоци.

Еден од погодоците на Јашухира во најквалитетното натпреварување во Франција беше постигнат на атрактивен начин.

Тој пред една сезона успеа да го изведе најлудиот пенал во историјата на ракометот. Јапонецот направи пируета на линијата за седум и успеа да постигне атрактивен погодок.

Како изгледаше тоа погледнете во следното видео…