Нова ѕвездичка во колекцијата – Вардар седми пат во низа е македонски шампион! (ФОТО)

Вардар триумфираше над Тиквеш со 37-24 во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф и ја одбрани титулата во Суперлигата.

Иако се соочува со бројни предизвици и имаа два кикса против битолските екипи, вардарци сепак најдоа сили да останат на шампионските патеки.

Ова е седма титула во низа за Вардар, која почна во сезоната 2014/15, а продолжи по сезоната 2019/20 во која не беше прогласен шампион поради пандемијата.

Покрај првенството, Вардар го освои и трофејот во Купот на Македонија, па колекцијата на „црвено-црните“ брои 30 одличја.