Ниту Хансен не помогна: ГОГ Гудме го исфрли Алборг од Купот!

Тимот на ГОГ Гудме е последниот полуфиналист, односно учесник на Ф4 во Купот на Данска, откако го совлада Алборг со 41-39 во четвртфиналниот двобој.

Херој на домашниот тим беше Симон Питлик, кој постигна осум гола и имаше седум асистенции до своите соиграчи.

По првото полувреме беше нерешно, 18-18, а на стартот на вториот дел ГОГ Гудме направи клучната предност, поведе со 24-20.

Имаа домашните и плус шест, 35-29, а Алборг не можеше ништо повеќе да стори, освен да ја намали негативата во самиот финиш.

Најдобар стрелец кај Алборг беше Микел Хансен со десет гола, но ниту не беше доволно за нешто повеќе од тесен пораз и елиминација од Купот.