Ниту Нант и Кристијансанд не беа пречка, дресовите на Вардар и ЖРК Вардар меѓу осумте најдобри во Европа!

Вчера започна анкетата на ЕХФ за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, и веќе завршија првата и втората рунда.

Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда го „победи“ оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг, а вториот против Кристијансанд

Третата рунда, односно четвртфиналето започна денеска во 11:00 часот и ќе трае до утре до 10:30 часот. Дресот на РК Вардар се бори со оној на Веспрем, а дресот на ЖРК Вардар ќе се бори за полуфинална рунда против францускиот Мец.

Гласајте за дресовите на Вардар и ЖРК Вардар ТУКА.