Нилсен: Ќе биде „лудо“ да се игра во Битола

Данецот Андреас Нилсен е еден од петте нови ракометари во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Нилсен во Битола пристигна од данскиот суперлигаш Морс и се очекува да биде квалитетно засилување во тимот на Александар Јовиќ.

Кружниот напаѓач истакна дека погледнал неколку видеа од Еурофарм Пелистер истакнувајќи дека е импресиониран од навивачката атмосфера.

„Гледав некои видеа и „лудо“ е да се игра тука. Ова е поинакво искуство од сите претходно. Се надевам дека ќе победиме многу натпревари, а цел е и да го освоиме првенството”, изјави Нилсен.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер моментално во Маврово ја реализираат првата фаза од подготвителниот период.

Еве ги новите лица на Еурофарм Пелистер, се очекуваат уште засилувања