„Никој не се јави да праша како сум, а потоа не добивав повик за репрезентацијата“

Хрватската ракометарка која настапува за Будуќност веќе пет години, Матеа Плетикосиќ од времето кога настапуваше во кадетските категории не доби повик за во  сениорската репрезентација.

Пред четири години 21-годишната Плетикосиќ го имаше последниот настап во една репрезентација на Хрватска, тоа беше четвртфинале на кадетското Европско првенство кога ги повреди лигаментите.

Не би било чудно што не добива шанса во репрезентацијата доколку игра во некој мал клуб, но таа настапува во Будуќност еден од најдобрите женски клубови во Европа кој има обезбедено четвртфинале во Лигата на шампионите.

„Поради повредата на лигаментите имав пауза околу два месеци, а многу ме погоди тоа што никој од ракометната федерација на Хрватска не се јави да праша како сум или да ми понуди помош. Една година подоцна добив повика за сениорската репрезентација кој го одбив повредена од тој однос. Никогаш не се откажав од Хрватска, тука сум, играм, здрава сум и во добра форма и секогаш би сакала да и помогнам на Хрватска. Секако доколку селкторот мисли дека треба да ме повика, имам само 21 година, а веќе доста имам поминато во кариерата“, коментираше Плетикосиќ.

Плетикосиќ е втора опција на средната бековска позиција во Будуќност каде што прв избор за Драган Аџиќ секако е Милена Раичевиќ. Во четвртфиналето од Лигата на шампионите Будуќност би требало да се сретне со данскиот Есбјерг.