Николов и Начевски ќе им судат на Раул и ѕвездите од ПСЖ

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, добија нова задача од европската куќа на ракометот.

Тие двајца ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу германскиот Фленсбург и францускиот ПСЖ, од претпоследното коло во Лигата на шампионите.

Овој дуел на кој ќе продефилираат многу ѕвезди, ќе се игра на 25 февруари со почеток во 20:45 часот.

На првиот меѓусебен натпревар одигра во Париз, бундеслигашот триумфираше со еден гол разлика, 29-28.