Николовска од Чаир ја доби трката со Анчева за најдобар стрелец

Во сезоната од Женската лига која заврши многу орано од предвиденото поради коронавирусот  две ракометарки беа во голема трка за првото место и прашање е која ќе беше границата за нив доколку сезоната финишираше на терен бидејќи имаше уште многу да се игра.

Левото крило на тимот на Чаир, Анастасија Николовска имаше најмногу голови после некомплетното 16 коло во кое беа прекинати средбите. Таа заврши со 142 гола и имаше само шест повеќе од Марија Анчева која беше најефикасната во минатата сезона.

Над 100 гола имаа уште три ракометарки, а во продолжение можете да ги видите 25-те најефикасни ракометарки од Женската лига.

ЖЕНСКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 25)

142 – Анастасија Николовска (Чаир)

136 – Марија Анчева (Пелистер)

113 – Ивана Блажеска (Кузман Вардар Илинден)

111 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)

102 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

87 – Андреа Седлоска (Вардар)

87 – Тамара Србиновска (Ѓорче Петров)

86 – Мартина Стефановска (Спартак)

83 – Јана Калајџиевска (Металург)

82 – Елена Вучевска (Овче Поле СУ)

78 – Марија Николовска (Чаир)

77 – Јасмина Попова (Гевгелија)

77 – Марија Тасевска (Металург)

76 – Бранкица Марковиќ (Куманово)

72 – Ана Георгиевска (Алушовски)

67 – Васка Глигоријадис (Куманово)

66 – Билјана Дамчевска (Металург)

65 – Драгана Стојанова (Пелистер)

64 – Ана Николовска (Алушовски)

63 – Ангела Камческа (Деспина)

63 – Драгица Митрова (Гевгелија)

62 – Наталија Манева (Овче Поле СУ)

60 – Сашка Филипоска (Деспина)

60 – Ива Божиновска (Металург)

57 – Теодора Дукоска (Стружанка)

57 – Ивона Русевска (Кузман Вардар Илинден)