Николовска броеше до 16, Чаир лесно го реши Овче Поле СУ

Ракометарките на Чаир по големата победа над Вардар во минатото коло, остварија уште еден триумф во Женската лига и останаа во борбата за врвот.

Новакот во оваа конкуренција немаше никакви проблеми и прослави убедлива победа на гостински терен во Свети Николе кај Овче Поле СУ со убедливи 26-33.

Победникот беше решен уште по првиот дел, кога чаирчанки поведоа со 9-20, а вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.

Најдобри стрелци кај победникот беа Анастасија Николовска со 16 голови и Марија Николовска со пет, додека кај домаќинот се истакна Наталија Манева со осум погодоци.