Николиќ: Ова ќе биде мојата последна сезона во професионалната кариера

Една од поискусните ракометарки кои настапуваат за репрезентацијата на Македонија, Марија Николиќ пред неколку дена потпиша нов договор со ПАОК, тим кој е шампион на Грција.

Таа се договори за соработка на уште една година, а во интервјуто дадено за 24Ракомет вели дека ова ќе биде нејзина последна година од професионалната кариера.

„Според моменталното размислување ова ќе биде мојата последна сезона од професионално играње на ракомет. Одлучив да останам во ПАОК бидејќи тука се чувствувам најубаво. Сега засега ова е моето размислување бидејќи имам други приоритети во животот. Сепак, ова не е мојата дефинитивна и конечна одлука“, рече Николиќ за 24 Ракомет.

Комплетното интервју со Марија Николиќ можете да го прочитате на следниот ЛИНК.