Николиќ: Неколку Македонки се пред трансфер во ПАОК

Шампионот на нашиот јужен сосед, ПАОК за кој настапува пивотот Марија Николиќ планира одново да има неколку македонски репрезентативки во своите редови.

Пред три години таму покрај Николиќ играа и Матеа Серафимова и Симона Стојковска, но остана само Николиќ која ќе игра и во новата сезона.

Во интервјуто за 24Ракомет таа потврди дека има неколку ракометарки од Македонија кои се во комбинација за трнсфер во ПАОК за следната сезона.

„Веќе знам како е и кои се моите колешки за новата сезона бидејќи повеќето од лани остануваат. Се споменуваат засилувања од Србија, но и неколку Македонки меѓутоа не знам за кои ракометарки се работи“ , изјави Николиќ за 24 Ракомет.

Комплетното интервју со Марија Николиќ можете да го прочитате на следниот ЛИНК.