Никола Костески има нов клуб, потпиша за чешкиот Плзен!

Македонското десно крило Никола Костески во наредната сезона ќе има нов предизвик во интернационалната кариера.

Костески потпиша за чешкиот тим Талент Плзен и ќе настапува во оваа екипа следните две сезони.

Стружанецот, кој покрај матичниот клуб во Македонија ги бранеше боите и на Металург, ќе го има петтиот клуб во странство.

По заминувањето од Металург беше дел од турската Селкаспор, потоа играше за словачкиот Татран Прешов, пред да замине во Австрија.

Таму две сезони настапуваше за Линц, а во тековната сезона ги брани боите на австрискиот второлигаш Холабрун.

Талент Плзен пак оваа сезона обезбеди место во четвртфиналето на Европскиот Куп, додека на домашна сцена е лидер на табелата по 18 одиграни кола со 32 бода.