Никола Костески е најдобро десно крило во Австрија! (ФОТО)

Големо признание за македонскиот интернационалец Никола Костески, кој настапува во дресот на Линц во австрискиот шампионат.

Тој беше избран за најдобро десно крило во првиот дел од сезоната, во која е лидер на тимот на Линц и еден од најдобрите стрелци во лигата.

Иако Линц дури во последното коло од првиот круг ја забележа првата победа, сепак има шанси да стигне и до плеј-оф, со оглед на разликата од само шест бода до место кое води во разигрување за титулата.

Костески игра во одлична форма и досега на девет натпревари успеа да постигне 45 погодоци.