Никола Карабатиќ ја игра последната сезона – следното лето оди во пензија!

Легендарниот Никола Карабатиќ, кој во април следната година ќе наполни 40 години, објави дека претстојната сезона ќе му биде последна во кариерата.

Многу веројатно, селекторот Гијом Жил ќе смета на него и за Олимписките игри во Париз, а настапот таму ќе биде круна на кариерата на Карабатиќ.

Тој во професионалната кариера одигра 22 сезони во кои освои три олимписки злата, три европски злата и четири светски најсјајни одличја.

На клупско ниво, три пати освои титула во Лигата на шампионите, а два пати беше најдобар на Супер Глоуб.

Има освојувано шампионски титули во Франција со Монпелје и ПСЖ, во Германија со Кил и во Шпанија со Барселона.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.