Никола Карабатиќ се врати на тренинг, ПСЖ засилен на Ф4?

По операцијата лани во октомври, ѕвездата на ПСЖ, Никола Карабатиќ, се врати на тренинзите во саботата.

Иако се врати на тренинзите, Раул Гонзалес сигурно нема да го користи во француското првенство, бидејќи таму се е јасно.

Но Карабатиќ би можел да заигра на завршниот турнир во Келн, кој се игра на 12 и 13 јуни во „Ланксес Арена“, а ќе биде дел и од француската репрезентација на Олимписките игри во Токио.

37-годишниот Карабатиќ ги скина лигаментите на почетокот на оваа сезона, а ПСЖ го надополни неговото отсуство со ангажманот на холандскиот репрезентативец Лук Стеинс.