Николај Јакобсен ќе биде селектор на Данска до 2030 година!

Селекторот на една од најуспешните нации во машкиот репрезентативен ракомет, Николај Јакобсен, ќе остане на клупата на Данска до 2030 година!

Данската федерација објави дека актуелниот договор на Јакобсен, кој требаше да трае до 2025 година, е продолжен за дури пет сезони.

Тој е на клупата на Данска од 2017 година и ако го одработи договорот до крај, тогаш ќе биде еден од најдолговечните селектори.

Данците со Јакобсен освоија три светски титули на СП 2019, СП 2021 и СП 2023 година, а имаат четврто место од ЕП 2018, бронза од ЕП 2022 и сребро од ОИ 2021. Единствена црна дамка му е елиминацијата во групната фаза на ЕП 2020, но тоа веројатно никој не му го зема за зло.

Данска е пласирана на следните ЕП 2024 и ЕП 2026, како и на СП 2025, односно ОИ 2024 година, па Јакобсен ќе има шанса за уште трофеи.