Никодиновски е херој на Ѓорче Петров, донесе три бода против Кичево

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија тешка победа на домашен терен против последнопласираната екипа во плеј-аутот од Првата лига, Кичево со минимални 26:25.

Натпреварот во сите 60 минути беше израмнет и неизвесен, поведе домашниот тим 2:0, но Кичево брзо израмни. Се играше гол за гол до 7:6 за Македонија ЃП кога започна серијата на Кичево од три гола за преземање на водството.

До крајот на првиот дел гостите ја сочуваа предноста и изненадувачки на полувреме заминаа со минимални 13:14. Во продолжението Македонија ЃП најчесто имаше предност, но Кичево не се предаде до крај. Сепак во финишот домашниот тим подобро се снајде и стигна до победата.

Прв стрелец во победничкиот тим на Македонија ЃП беше Иван Никодиновски со девет гола, а тој го даде и последниот гол вреден три бода, додека шест постигна Никола Иванов. Во екипата на Кичево по седум гола постигнаа Љакоски и Смилески.