Никобинг добро се опари од трансферот на Полман

Екипата на Никобинг од Данска заработи висока сума од трансферот на репрезентативката на Холандија, Еставана Полман, која кариерата ја продолжи во Рапид Букурешт од Романија.

Со оглед на тоа дека Полман со поранешниот шампион на Данска имаше актуелен договор, романскиот тим мораше да плати оштета.

Според информациите на порталот ,,Folketidende” Рапид Букурешт на Никобинг му платил обештетување во износ од 100.000 дански круни, односно 13.000 евра.

Холанѓанката го засили Рапид Букурешт откако романскиот тим остана без Александра Лакрабер и Алисија Фернандез која на Европското првенство заработи повреда.

Трансфер бомба во Романија, Полман го засили Рапид!