„Ниеден клуб нема да преживее цела година без гледачи – ракометот е поранлив од фудбалот!“

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, го искажа своето мислење по повод последната ситуација во ракометот предизвикана од коронавирусот.

Германските клубови во повеќе наврати најавија дека последиците може да бидат катастрофални ако цела сезона се игра без навивачи.

„Последната криза покажа дека ракометот е поранлив спорт од фудбалот. Ние зависиме од бројот на гледачи во арените. Следната сезона ќе биде крајно тешка за бундеслигашките тимови. Се надевам дека во октомври навивачите ќе се вратат на натпреварите. Ниеден клуб нема да преживее цела сезона без гледачи. Тоа ќе биде катастрофа за ракометот во Германија. Штетата ќе биде голема, непоправлива“, вели Гисласон за „Либек Накрихтен“.

Иако беше во комбинација за да ја преземе селекцијата на Русија, сепак Гисласон се реши за познат терен и ја прифати понудата од Германија.