Не се плашат од корона – едни откажаа, други закажаа нови пријателски натпревари

Репрезентациите на Црна Гора и Португалија го откажаа своето учество на традиционалниот турнир „Јелоу Кап“ во Винтертур, па така Швајцарците одлучија да одиграат пријателски натпревар против репрезентацијата на Германија.

Освен со Швајцарија, Германија ќе одигра и пријателски натпревар против Франција на 9 јануари.

Германците на 7 јануари ќе ја имаат првата контрола против Швајцарија, а потоа ги очекува дуел против селекцијата на Франција. Не е исклучена можноста пред самиот почеток на Европското првенство, избраниците на Алфред Гисласон да имаат уште еден пријателски натпревар.

Французите поради откажаните дуели од Златна лига и поради проблемите со повредените и заразени играчи, немаа многу опции за силна проверка. Избраниците на Гијом Жил на 9 јануари ќе ги тестираат силите против Германија.

На Европското првенство во Унгарија и Словачка, Франција се наоѓа во Групата Ц заедно со селекциите на Србија, Хрватска и Украина, додека Германија во првата фаза ќе се соочи со Австрија, Полска и Белорусија во рамките од Групата Д.