„Не сакав да живеам, кога со Шпанија го загубивме олимпиското полуфинале“

Актуелниот тренер на тимот на Келце, Талант Душебаев во својата играчка кариера беше дел од селекциите на СССР и Шпанија, а сега се потсетува на настапите на Олимписките игри.

Во 1996 година тој беше дел од репрезентацијата на Шпанија со која не успеа да дојде до пласман во финалето на Олимписките игри откако беше претрпен пораз од Шведска во полуфиналето.

„Кога го загубивме олимпиското полуфинале против Шведска во тој моменто игрите завршија за мене. Во тој момент не сакав ниту да живеам. Јас сум воспитан само да се пласирам во финалето и да го освојувам. Меѓутоа Хауме Форт се појави и ми рече: ‘Еј Талант, стани те молам, ни требаш. Имаш злато од Олимписките игри во 1992 година, а ние немаме ништо За многу од твоите соиграчи бронзата е нешто неверојатно. Овој коментар ме фасцинираше“, вели Душебаев.

На игрите во 1996 година Шпанија финишираше на 3. место откако ја совлада Франција со 27:25, додека златниот медал заврши кај Хрватите кои ја совладаа Шведска со 27:26.