Не сакаа да играат – сега ем се елиминирани, ем ќе добијат суспензија и парична казна

Во пресрет на осминафиналните  натпревари од Лигата на шампионите во женска конкуренција, Борусија Дортмунд требаше да патува во Франција и да ги одигра двата натпревари на гостински терен со Мец.

Ракометниот суд при ЕХФ одлучи двата натпревари да ги добие француски Мец со службени 10:0 и директен пласман на клубот во четвртфиналните дуели.

Освен дисквалификација, против Борусија Дортмунд ќе биде отворена и дисциплинска постапка, а тоа значи и можна парична казна и забрана за настап на европска сцена неколку години.

Германците  неколку денови пред патувањето добиле известување од нивната федерација дека голманката на Мец и германска репрезентативка Дина Екерле е позитивна на коронавирус.

Поради тоа, Борусија Дортмунд, не отпатува во Франција иако сите останати ракометарки на Мец беа негативни на ковид-19 и Екерле беше изолиран случај.