Не победува само македонскиот Вардар – туку и мексиканскиот (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите во новата сезона.

„Црвено-црните“ го совладаа Мешков Брест со 35-27, а сега ги очекува нов предизвик на домашно тло против Еурофарм Пелистер.

Освен македонскиот Вардар, прва победа во мексиканската Прва дивизија забележа и тимот формиран од љубителите на „црвено-црниот“ бренд во Мексико.

Вардар Мексико во првото коло триумфираше над Амистад со убедливи 17 погодоци, 27-10.