„Не ме интересираат видео игри, решавам загатки и играм табла“

Пикерот на репрезентацијата на Франција и екипата на Барселона, Седрик Сорендо во интервју за ffhandball.fr зборуваше за тоа како го поминува времето во изолација и одложувањето на Олимписките игри.

„Во мојот дом во Барселона имам двор и простор да се подготвувам физички. Се разбира тоа не е вообичаен тренинг, но доволно е да се одржувам фит. Имам опрема вклучувајќи статичен велосипед. Не ме интересираат видео игри, па затоа ги најдов кутиите со табла и загатки. Овој период имам можност да ги поправам семејните односи“, коментираше Сорендо.

Управата на Барселона ништо не препушта на сучајот и на своите ракометари им обезбеди програма по која треба да рабтат за да ја оджуваат формата. На Сорендо му завршува договорот на крајот на сезоната, но тој би сакал продолжи со клубот.

„Имаме постојан контакт со клубот, фитнес тренерот ни испрати индивидуална програма. Редовно споделуваме информации преку видео конференции, имаме колективни вежби и повеќе слободно време. Мојот договор со Барселона завршува на крајот од сезоната. Преговараме да за да ја продолжиме соработката и работите се одвиваат добро“, продолжи пикерот.

Покрај другото Французинот го прокоментира одложувањето на Олимписките игри во Токио за наредното лето. Каде што нагласи дека оваа е вистинска можност репрезентациајта да се опорави од дебаклот кој го доживеа на Европското првенство во јануари.

„Јас секогаш со нетрпение очекувам одам на собир со репрезентацијата, особено по вакви моменти и промени. Одложувањето на Олимпијадата беше најдобро решение. Што се однесува до тимот, сите добро знаеме за нашите лоши резултати на Европскоте првенство. Ова одложување ни дава време да се подготвиме и да започнеме одново. Сигурен сум дека би ја сработиле оваа работа во тренинг-кампот, првично закажан за април. Затоа, мора да направиме пауза за да ја согледаме ситуацијата и да си ги поставиме вистинските прашања“, заврши Сорендо.