Не им дале плата на ракометарките, може да останат без четири бода

Откако две ракометарки се одлучија да го пријават клубот дека не им ги исплатил платите предвидени со договорот, Ракометната федерација на Унгарија донесе одлука за казна на тимот на Шиофок и одземање на четири поени.

Ракометарката од Шпанија, Нереа Пена и Холанѓанката Лаура ван дер Хејден во ноември минатата година го напуштија клубот, а сега се одлучиле парите да ги бараат преку федерацијата.

Оттаму сега клубот е на потег. Има 15 дена за жалба за оваа одлука или за исплаќање на парите кои се должат.

Во спротивно тимот ќе има минус од четири бода (два бода за победа) на досега освоените во првенството. Со минусирањето Шиофок ќе испадне од водечката петка и ќе остане без место во европските купови за следната сезона.