„Не знаеме што да очекуваме од дуелот со Македонија“

Првиот натпревар по освојувањето на титулата светски првак, селекцијата на Данска ќе го има против Македонија.

Селекторот Николај Јакобсен не знае што да очекува од гостувањето во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП.

„Тоа ќе биде натпревар против репрезентатација што игра традиционален ракомет и се уште е предводен од Кире Лазаров. Малку ќе биде тешко сега бидејќи го променија селекторот. Сега имаат двајца екс-репрезентативци, кои се вратија на теренот. Можеби е малку смешно, но навистина не знаеме што да очекуваме. Ако се исклучат неколку играчи, се работи за млада репрезентација“, вели Јакобсен за „HBold“.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Данска се игра утревечер од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е во Алборг, в недела од 16:00 часот.