„Не е среќата да играш во голем клуб, туку во клуб каде ќе си свој“

Македонската репрезентативка Елена Ѓоргиевска 11-годишната интернационалната кариера ја гради во Црна Гора, Будуќност со кој и ја освои Лигата на шампионите, а потоа се развива на релација Романија, Унгарија, беше една сезона и во Хрватска (Подравка), а сега е повторно во романска Магура.

Не е секогаш важно да играш за голем клуб смета таа, важно е да се пронајдеш во средината.

„Според мене Романија и Унгарија се едни од најсилните лиги кога станува збор за женскиот ракомет. Во периодот кога играв во Унгарија, таа лига беше можеби и најсилна. Во Романија има експанзија во жескиот ракомет, многу се вложува, секој клуб многу инвестира и ракометот е многу развиен. Сакам да сум дел од такви средини. Плус е и тоа што сум блиску до дома (се смее). Во кариерата сум имала понуди од Франција, Данска… но мислам дека тие средини, Скандинавија, не ми лежат, не се пронаоѓам во тој стил на ракомет. Знаете како јас гледам на работите – не е важно да биде голем клуб, важно е да сум среќна и да сум своја во таа средина. Може да играм и во Ѓер, но ако не сум тоа што сум, се е залудно. Можеби затоа и најмногу се задржав во Романија. Не сакам да менувам средини, а од друга страна таму имам се што ми е потребно – услови, минутажа, клуб кој ве почитува, соиграчи кои ве сакаат, а за професионалец тоа е најдобро. Се обидов, отидов во Подравка за да играм Лига на шампиони, но потоа повторно се вратив во Романија. Таа средина одговара на мојот стил и тоа е тоа.“

Подолу прочитајте го целосното интервју…

ИНТЕРВЈУ ЕЛЕНА ЃОРГИЕВСКА: ЕП 2022 може да биде круна на мојата репрезентативна кариера