Трилер во Ресен: Радовиш во последната секунда се спаси од пораз!

Ракометарите на Преспа и Радовиш одиграа реми, 22-22, во драматичен натпревар од 5 коло во прволигашката конкуренција.

Иако домашните во Ресен водеа со 22-21 на влезот на последната минута, сепак радовишани се спасија со голот на Филип Костадинов со голот во последната секунда.

Тој шутираше од тешка позиција во голот на домашните, но успеа да погоди. Преспа водеше во првото полувреме со четири гола во два наврати, имаше 13-9, но до паузата Радовиш стопи дел од негативата.

Во вториот дел направи и пресврт, поведе со два гола, 19-17, но Преспа преку Шулевски и Костовски израмни, па потоа се играше гол за гол и нерешениот исход е најреалниот од овој меч.

Maртин Табаковски имаше седум гола за Преспа, додека кај Радовиш се истакнаа Филип Костадинов со осум и Васе Петров со шест погодоци.