Тимот на Овче Поле запиша втора победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше на гостински терен кај Сокол Саса со 46-28.
Ова е петти пораз во петтиот меч за Сокол Саса, кој шансата за бодови ќе мора да ја бара на некој нареден дуел.
Предноста на тимот од Свети Николе беше плус девет уште по првите триесетина минути, 22-13, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Теофил Јанев и Александар Димитров со по седум погодоци, додека кај Сокол Саса, Мирче Ѓеоргиев даде осум гола.

























