Драма во скопското дерби – Чаир спаси бод на три секунди до крајот!

Спартак имаше предност од пет гола, но Чаир се врати во натпреварот и со погодокот на Александра Коловска во последните секунди се избори за реми, 25-25.

Ракометарките на Спартак и Чаир одиграа возбудливо скопско дерби во петтото коло од Супер женската лига, кое заврши без победник, 25-25. Домашниот состав во салата „Круме Кепески“ долго го контролираше резултатот, но гостинките не се откажаа и стигнаа до бод со гол на само три секунди пред последниот свиреж.

Во првиот дел Чаир беше екипата што го диктираше резултатското темпо. Гостинките поведуваа со по еден гол, а Спартак постојано израмнуваше, сѐ до 9-9. Потоа домашните ракометарки направија серија од три погодоци, во која Петра Јершек постигна два гола, и го презедоа водството со 11-.

Спартак ја задржа предноста во продолжението од првото полувреме, а со головите на Анастасија Николовска и Ива Божиноска стигна до 15-2. На паузата домашниот тим замина со три гола позитива, 16-3.

Почетокот на второто полувреме донесе уште подобра позиција за Спартак. Николовска и Таида Беровиќ погодија за највисоки 18-3, па домашниот состав имаше убава можност да го насочи натпреварот кон победа.

Чаир, сепак, постепено ја намалуваше разликата. Во 39. минута Спартак остана без Петра Јершек, која по третото исклучување доби црвен картон. Домашните потоа поведоа со 20-6, но гостинките одговорија со три гола во серија и преку Росана Павлова, Нура Махмуд и Стефанија Ѓорѓиевска се доближија на 20-9.

Спартак повторно се одлепи на 22-9, а во 51. минута имаше предност од 24-1. Следуваше ново враќање на Чаир, овојпат со два гола на Махмуд и погодок на Павлова за израмнување на 24-4 во 57. минута.

Надица Максимовска во 57-5 минута го врати водството на Спартак, 25-4, но тоа не беше доволно за победа. По тајм-аутот на Чаир на половина минута до крајот, Александра Коловска погоди во 59:57 минута и ги постави конечните 25:25, за драматична поделба на бодовите.

Најефикасни во Спартак беа Анастасија Николовска и Таида Беровиќ со по осум гола, а Марија Стојановска постигна три. Кај Чаир, Нура Махмуд и Росана Павлова дадоа по шест погодоци, Михаела Кралева заврши со четири, додека Коловска и Ѓорѓиевска постигнаа по три.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾