Не е само Вардар – и Келце ќе има ново име (ФОТО)

Се уште актуелниот европски шампион Вардар, од пред еден месец официјално се врати кај стариот сопственик Михајло Михајловски.

Тимот има ново име Вардар 1961, иако ретко кој го користи, но со додавката ќе биде пријавен на европска сцена во Лигата на шампионите.

Не е само Вардар кој го промени името, истото го стори и полскиот првак ПГЕ ВИВЕ Келце. Откако компанијата ВИВЕ повеќе не е спонзор, сега тимот се вика ПГЕ Келце.

Полјаците затоа го променија логото и се пофалија на социјалните мрежи.