Не е само Вардар – ЕХФ бара депозит од уште еден клуб!

Исто како Вардар, екипата на Борусија Дортмунд ја очекува неизвесна судбина за настап во Лигата на шампионите. Иако германската екипа обезбеди директно место, сепак ЕХФ им побара депозит од висока сума, 140.000 евра.

Причината за побараниот депозит е поради откажаното учество на Борусија Дортмунд во осминафиналните натпревари против Мец во изминатата сезона во Лигата на шампионите.

Депозитот ќе биде гаранција доколку клубот има постапки како минатата сезона, односно да не одигра одредени натпревари во Лигата на шампионите или испадне од натпреварувањето. Доколку нема непријатни ситуации, депозитот ќе биде вратен на клубот на крајот од сезоната.

ЕХФ на екипата од Германија им одреди рок за плаќање на депозитот, а клубот ќе треба да го исплаќа на две рати, првата до 13 јули, втората до 27 јули.

Доколку не се исполнат барањата на ЕХФ, Борусија Дортмунд нема да игра во Лигата на шампионите и на нејзино место ќе учествува шампионот на Чешка, Баник Мост.