Не го остава Вардар: Стојанче Стоилов ќе седне на клупата на „црвено-црните“!

Стојанче Стоилов, македонската и клупска легенда на Вардар останува да ја носи опремата на „црвено-црните“, и од следната сезона ќе седи на клупата заедно со играчите. Но, сега нема да игра.

Откако му заврши играчкиот договор, клубот му понуди на капитенот да остане во тимот, и да биде координатор на младите категории, но истовремено и да му биде помошник на тренерот Владо Недановски.

Бескрекорниот борец ќе продолжи како дел од Вардар, иако имаше и други понуди во меѓувреме да замине во друга средина. Најголемите клупски и лични ракометни успеси ги постигна токму со Вардар, па и логично беше да остане во семејството.

Вардар сезонава заврши на третото место на табелата, резултат што го немал повеќе од деценија, но е решен брзо да се консолидира. Покрај засилувањата во тимот, една од целите е и задржување на клупските легенди, а Стоилов е една од нив.

Со две титули европски првак, пет во СЕХА лигата, и дузина трофеи во првенствеото и купот Стоилов има доволно искуство што ќе може да го пренесе на своите соиграчи. Тој и досега многу често учествуваше во советувањето на играчите, н истовремено беше и на терен. Сега заедно со Владо Недановски, целосно ќе се посветата на тактиките, на одбраната и на нападот.

Лани се „пензионираше„ и од играњето во репрезентацијата, но често е веднаш зад клупата и им дава поддршка на соиграчите.

Вардар сериозно работи и на засилувања за новата сезона, па досега се ангажирани крилото Марко Срдановиќ, бековите Нилтон Мело, Стефан Петриќ и Ансер Родргиес. Пред некој ден потпис со тимот на Вардар стави и Јапонецот Косуке Јашухира.