Несудениот вардарец го однесе Замалек на дуел со Барселона

Победата од 28:27 за тимот на Замалек против Ал Ахли значеше двобој со Барселона на Супер Глоуб турнирот, а победничкиот погодок беше дело на ракометарот кој летово беше во комбинација за трансфер во Вардар,

Јахија Елдера имаше одличен настап и со неговиот гол тимот на Замалек стигна до место на Супер Глоуб така што ќе може да се следи интересен натпревар и во октомври на Светското клупско првенство.

Инаку, имаше големо надигрување меѓу Замалек и Ал Ахли кое финишираше со еден погодок разлика на крајот така што ривалството меѓу двата состави продолжува.