Несекојдневно достигнување – постигна 32 гола на еден натпревар!

Ракометарката на Бихаќ, Ерна Мухамедагиќ во натпревар од Првата лига на Федерацијата на БиХ постигна неверојатни 32 гола.

Бихаќ за противник го имаше тимот на Краина од Цазин, исходот беше 55:34 за составот на Краина, а од самите 34 гола за екипата на Бихаќ, 32 беа дело на Мухамедагиќ. Другите два гола ги постигнаа две различни ракометарки, Ена Алибеговиќ и Амила Кантаревиќ.

Младата ракометарка ја држи листата на стрeлци во Првата лига на Федерацијата на БиХ. Секој натпревар постигнува двоцифрен број на голови. Најмалку гола постигна против Илиџа, на првиот натпревар 11, додека на реваншот беше стрелец на 13 гола.

Со своето шутерско издание на секој натпревар, Мухамедагиќ беше на мета на неколку клубови од Австрија и Хрватска.

Сепак за еден гол, босанската ракометарка не го израмни рекордот на Матилда Атанасоска, која на Куп дуелот меѓу Кале Кичево и ТК Бренд, кој заврши 54-10, даде 33 погодоци.

Дали знаете кои се рекордерите во македонскиот ракомет – на еден натпревар постигнале 31 и 33 погодоци!