Ненадиќ се врати во Црвена Звезда

Српската екипа Црвена Звезда доби огромно засилување во борбата за обезбедување плеј-оф во шампионатот на Србија. Нов ракометар во Црвена Звезда е поранешниот репрезентативец на Србија, Драшко Ненадиќ.

Се очекува 31-годишниот ракометар со стекнатото искуство од голем број на европски клубови да биде носител на играта во екипата на Црвена Звезда.

Во својата кариера, Ненадиќ настапуваше за Хамбург, Фуксе Берлин, Бјерингбро Силкеборг, Целје, Гранољерс, Кобург и Гвадалахара. Беше дел од Црвена Звезда во периодот од 2007 до 2010 година.

Ненадиќ за репрезентацијата на Србија одигра 32 натпревари и успеа да постигне 32 гола во сениорскиот репрезентативен дрес. Иначе, Драшко е брат на еден од најдобрите ракометари во светот, Петар Ненадиќ.