Нема простување ниту за големите, Душебаев доби нова казна

Тренерот на Келце, Талант Душебаев доби нова казна откако на дуелот против Хробри беше исклучен поради недисциплина и влагање во конфликт со ракометарите и тренерите на противникот. Тој е дисквалификуван на следните три натпревари на Келце.

Оваа казна ќе го остави Душебаев надвор од терените на последните два дуели од оваа сезона против Стал и Висла, а нема да биде на клупата на Келце ниту на првиот натпревар во новата сезона.

Покрај тоа што е казнет со неседење на клупата, тој ќе мора да плати и парична казна, но истата не е јавно соопштена.

Инаку, ова е втора казна за Душебаев поради преголема нервоза и непочитување на официјалните лица или противникот откако претходно беше казнет и со шест натпревари во Купот на Полска.