Нема одмор за металурзите, веднаш се фатија за работа на Маврово (ФОТО)

Ракометарите на Металург вчера заминаа за Маврово и веднаш почнаа со работа. Нема пауза за момците под водство на Зоран Кастратовиќ и секој момент ќе се користи за подобра подготовка.

Како што може да се забележи од фотографиите атмосферата е одлична така што сите се расположени за работа и се тренира максимално ангажирано.

На Маврово се имаат сите потребни услови, па може да се одработи сето она што е замислено, а како изгледаат првите тренинзи можете да погледнете во продолжение.