Нема натпревари, но има „тренинзи“ на лозјето на спонзорот (ФОТО)

За време на пандемијата на коронавирусот голем број компании се соочуваат со големи финансиски проблеми предизвикани од кризата. За полесно справување спонзорите на ракометните клубови добиваат помош токму од ракометарите.

Играчите на клубовите во Франција се активираа за да им помогнат на своите спонзори во време кога тоа им е најнеопходно. Во оваа акција се вклучија екипите на Сен Рафаел и Лимож.

Додека играчите на Лимож ги промовираат понудите на својот спонзор на социјалните медиуми, ракометарите на Сен Рафаел го поддржаа својот спонзор со директна физичка работа на лозовите насади. Играчите им помагаат на винарите на имотот “Шато Раск” во обработка на лозјето.

Претходно и ракометарите на Целје се вклучија во земјоделски активности со цел да му помогнат на својот спонзор во одлгледувањето на хмељ.