Нема крај на проблемите на Червар, отпадна уште еден играч за ЕП

Лино Червар се соочува со многу проблеми во пресерет на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Повредите оддалечија многу играчи од тимот, а последен кој испадна од конкуренција е Фран Милета.

Особено проблематични се крилните позиции, ќе недостасува Мануел Штрлек, се повреди Ловро Михиќ а сега и десното крило Фран Милета. Червар има три десни крила на располагање Хорват, Вида и Матановиќ, од кои ќе одбере двајца за ЕП.

Првиот дел од подготовките Хрватска ги завршува на 23 декември, а потоа продолжуваат од 26 декември. Од 1 до 7 јануари ќе се подготвуваат во Пореч за Кроација купот каде што ќе настапат и Катар и Босна и Херцеговина.

Хрватска групната фаза ја игра во Грац каде што противници ќе и бидат Црна Гора, Србија и Белорусија.